Париз: Донаторска конференција за помош на палестинските власти

Во Париз се одржува донаторска конференција за помош на палестинските власти. Палестинските власти се надеваат дека на конференцијата ке се соберат повеќе од 5 милијарди долари кои треба да бидат искористени за амбициозниот план за развој во следните две години. Палестинскиот претседател Махмуд Абас вчера изјави дека конференцијата нема само економско, туку и политичко значење.