Анкара: САД го одобриле вчерашниот воздушен напад на турските сили во северен Ирак

Шефот на турската војска, генерал Јашар Бујуканит соопшти дека Соединетите држави го одобриле вчерашниот воздушен напад на турските сили врз базите на курдските бунтовници во северен Ирак. Во напададот во близина на едно село загина една жена. Заменик премиерот на Турција Ќамил Чичек изјави дека турската армија ќе продолжи со нападите се додека припадниците на курдската работничка партија не се предадат. Соединетите држави соопштија дека биле информирани за нападот, но дека не дале согласност за преземање на акција.