Москва: Русија од денеска надвор од Договорот за контрола на вооружувањето

Русија од денеска е надвор од договорот за контрола на вооружувањето на конвенционалните сили во Европа. Со договорот потпишан во 1990, а модифициран 9 години подоцна се ограничува распоредувањето на тенковите и друго тешко оружје. Москва соопшти дека е фрустрирана што членките на НАТО не ја ратификуваа модифицираната спогодба. Нато земјите пак тоа не го направиле затоа што сметаат оти договорот е нарушен со руското воено присуство во Грузија и Молдова.