Ерусалим: Продолжуваат мировните преговори меѓу Израелците и Палестинците

Израелците и Палестинците денеска во Ерусалим ќе ги продолжат мировните преговори по речиси седум години. Се очекува шефот на израелската дипломатија Ципи Ливни и поранешниот палестински премиер Ахмед Куреи да ги водат денешните разговори, кои ќе бидат посветени на процедурални прашања.