Законот за јазиците и обесштетувањето на борците на ОНА остануваат отворени прашања

Усогласувањето на партиските ставови за Законот за јазици и за обесштетување на борците на ОНА се очекува да бидат двете главни теми на новата лидерка сердба која според најавите ке се одржи кон крајот на неделава-велат партските преставници. Во изминативе десетина дена токму на усогласувањето на разликите за овие закони состнаоци одржуваа партсиките работи групи. Од ДУИ засега не сакаат да откриваат кој биле спорните точки на состаноците . Џеват Адеми вели дека очекува лидрите неделава да продолжат со позитивниот напредок кој како што ја вели ја одбележал последната средба

„Очекувам четирите лидери да продолжат, со така да кажам, пријатните изненадувања за сите нас. Од последната средба остана за разговор законот за јазиците, статусот на паднатите борци и инвалидите од конфликтот во 2001.“

Извори од ВМРО ДПМНЕ пак велат дека тие две прашања останале спорни и по стоаноците на работните групи но потврдуваат дека ќе бидат тема на средбата на четирите лидери. Докомплетирањето на судкиот совет со еден член по прелог на претседателот веќе не е спорно велат истите извори. ВМРО ДПМНЕ ќе гласа за Насер Хаџиахметагиќ како предлог на Црвесковеки, велат од партијата.

Очекувањата на СДСМ кои исто така не сакаа да комнетираат јавно се дека на лидерската средба ке се раговара за сускиот совет и за приоитетните закони кои не се од листата на европски а на кои инсистира владеачката партија.

И покрај спорните точки околу законот за јазиците и борците на ОНА Адеми со позитивни очкеувања дека законите ќе поминат во Собранието во рамки на предвидените рокови

„Посочен беше 15 јануари, од неколкуте настапи од важни политички чинители и институции. Мислам дека технички може тоа да се направи до 15 јануари, затоа што многу од законите и проектите се при крај, односно и готови. Така што, треба политичка волја и договор меѓу лидерите тоа да се формализира со процедурите во Собранието.“

По последната средба како што беше договорено пратениците ги изгласаа законите за судскиот совет, совет на јавни обвинители и мегуетничкиот комитет и 45 закони кои ке во иднина ке се гласаат со бадентер. Во вчерашниот заклучоците на минитекиот состанок на замјите членки на ЕУ повторно беа венсени забелешки за внтрешно политичките тензии и беше побарано продлабочување на политилкиот дијалог.