Газа: Акција на израелската армија

Израелската армија денеска покренала голема акција врз јужниот дел на Појасот Газа при што дошло до судири со палестинските милитанти. Во нив, според локални извори, загинале најмалку шест палестинци. Израелската армија потврди дека во акцијата биле вклучени десетина тенкови кои влегле во територија под контрола на Хамас.