Киев: Парламентот ќе гласа за владата на Тимошенко

Украинскиот парламент денеска ќе гласа дали на Јулија Тимошенко да и даде втора шанса како премиер на земјата. Таа беше отповикана од оваа функција пред три години од претседателот Виктор Јушченко, нејзиниот сојузник во Портокаловата револуција. Нивните партии ги обновија односите откако на септемвриските избори добија доволно места во парламентот за да формираат влада.