Париз: Либија купува 21 авиони од типот Ербас

Либија ќе купи 21 авион од европскиот произведувач Ербас. Ова го потврди либијската делегација на чело со Моамер Гадафи кој вчера во Париз се сретна со францускиот Претседател Николас Саркози. Домаќинот Саркози изјави ќе потпише договори со Либија во вредност од 14.7 милијарди долари.