Вашингтон: Започната истрага за уништувањето на видео снимки од страна на ЦИА

Американското министерство за правда соопшти дека започнало прелиминарна истрага за уништувањето на видео снимки од страна на ЦИА на кои било прикажано испитување на лица осомничени за тероризам. Министерството соопшти дека прелиминарната истрага е со цел утврдување и собирање на докази за да се одлучи дали има причина за покренување на целосна истрага. Претходно директорот на ЦИА Мајкл Хајден истакна дека снимките биле уништени во 2005-та година, но отфрли употреба на недозволени и груби мерки при испрашувањето на осомничените.