Скопје: Македонија празнува – Св Климент Охридски

По повод патрониот празник Свети Климент Охридски и 40-годишнината од возобновувањето на автокефалноста на Македонската православна црква, денеска во Соборниот храм во Скопје, што го носи името на светецот, се одржува света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
По завршувањето на литургијата во дворот на црквата Свети Климент Охридски ќе биде откриен и осветен споменикот на Архиепископот Доситеј, првиот поглавар на МПЦ.