Сеул: Излеани 10 илјади тони нафта при судар на два брода

Во судар меѓу два брода кај западниот брег на Јужна Кореја се излеани 10 илјади тони нафта во морето што е најголема еколошка катастрофа во оваа земја, соопшти министерство за рибарство и водостопанство. Во сударот меѓу двата брода нема повредени лица.