Кандахар: 40 талибански бунтовници се убиени во судири на југот од Авганистан

Вкупно 40 талибански бунтовници се убиени во судирите со авганистанските и меѓународните трупи на југот од земјата. Претставник на полицијата во провинцијата Кандахар соопшти дека во судирите што се случиле во областа Шах Вали Кот, биле убиени 35 бунтовници. Судири имало и во регионот Зари, при што се убиени петмина бунтовници.