Париз: Состанок на шест земји за иранската нуклеарна програма

Денеска во Париз се одржува состанок на претставници на шестте земји кои се вклучени во обидите да ги запрат иранските нуклеарни амбиции, Кина, Франција, Русија, Соединетите Држави, Британија и Германија. До состанокот доаѓа само еден ден откако евро комесарот Хавиер Солана одржал, како што самиот оцени, разочарувачки разговори во Лондон со главниот ирански преговарач Саед Џалили. Британија, Франција и Соединетите држави бараат од Советот за безбедност да усвои трета резолуција против Иран на што се противат Кина и Русија.