Вашингтон: Албанците во јужна Србија и Македонија чекаат состојбата да експлодира, изјави Холбрук

Откако ги решивме повеќето отворени прашања меѓу Грција и Македонија во текот на Дејтонските преговори за Босна, грчката трговска размена со Македонија се катапултира и сега изнесува десетици милиони долари месечно, ако не и повеќе. Ова го изјави креаторот на Дејтонскиот договор Ричард Холбрук во Вашингтон, додавајќи дека и покрај нерешеното прашање со името, би сакал да види вакви потези за заедничко добро во регионот. Во врска со сегашната ситуација тој наведува дека албанците во јужна Србија и во западна Македонија чекаат таа уште еднаш да експлодира. ,,Единствено што ни дава некаква надеж дека овој пат нема да има насилство се сеќавањата од блиската историја,, вели Холбрук.