Хрватска: Се одржуваат шестите парламентарни избори

Во Хрватска денеска се одржуваат шестите парламентарни избори. Околу четири и пол милион лица имаат право на глас. Се избираат 160 пратеници за хрватскиот Сабор, од кои осум од редовите на националните малцинства. Според анкетите на јавното мислење најмногу шанси имаат кандидатите на владејачката Хрватска демократска заедница и опозициската Социјал-демократска партија.