Багдад: Уапсени 45 осомничени милитанти на Ал Каида

Ирачката полиција соопшти дека американските и ирачките сили уапсиле 45-мина осомничени милитанти на Ал Каида во реонот на градот Киркук. Во операцијата што започнала вчера, учествувале 3 илјади и 500 ирачки војници и стотици американски.