Кандахар: Талибанските бунтовници обезглавиле седум полицајци

Авганистанските власти денеска објавија дека талибански милитанти обезглавиле седум полицајци на еден контролен пункт во провинцијата Кандахар во јужниот дел на земјата. Шест полицајци се водат како исчезнати. Нападот се случил откако меѓународните сили во Авганистан ги протераа талибанците од тој дел на Кандахар.