Москва: Неисполнети очекувања е оценката на Русија за американските предлози за ракетниот штит

Неисполнети очекувања. Вака официјална Москва ги оцени американските предлози со цел да биде намалена руската загриженост за планираниот противракетен штит во Европа. Од руското министерство за надворешни работи е соопштено дека во предлозите кои во текот на неделата Москва ги доби од Вашингтон не било содржано ништо од она што претходно било ветено од американска страна.