Скопје: Новица Благојевиќ и Андреј Филип загинаа во вооружениот инцидент во Скопје

Новица Благојевиќ и Андреј Филип, двајцата од Скопје, се лицата кои го загубија животот во оружениот инцидент што се случи вчера околу 14 часот на булеварот Илинден во близина на Зоолошката градина во Скопје. МВР има сознанија за можниот сторител на убиството и во тек се мерки за негово пронаоѓање и рачистување на случајот. Од министерството велат на двојното убиство му претходела вербална расправија и физичка пресметка меѓу учесниците во оружениот инцидент