Белград: Денеска разговори Црвенковски – Тадиќ

Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски денеска во Белград ќе разговара со српскиот претседател Борис Тадиќ. Главни теми се билатералните односи и ситуацијата во регионот. Од Белград, Црвенковски ќе отпатува за Дубровник на Регионалниот економски форум за Југо-источна Европа.