Скопје: Се запалила покривната конструкција на фабриката во изградба на ,,Џонсон Контролс“

Вчера доцна попладне се запали покривната конструкција на фабриката во Бунарџик што ја гради американската корпорација „Џонсон контролс“, јави МИА. Најверојатно причина за пожарот е дефект на вентилацијата за затоплување на објектот, велат од Бригадата за заштита на пожари на Град Скопје. Пожарот е веднаш ставен под контрола, бидејќи системот за самогаснење веднаш се активирал, изјави Благоја Менковски од Бригадата, додавајќи дека материјалната штета не е голема и дополнително ќе биде утврдена.