Белград: Посета на претседателот Бранко Црвенковски

Претседателот Бранко Црвенковски денеска ќе отпатува во еднодневна посета на Белград на средба со неговтиот српски колега Борис Тадиќ. Главни теми на разговорот се очекува да бидат актуелните случувања на Балканот во контекст на решавањето на статусот на Косово и подобрување на економската сорботка мегу двете земји. Пред да замине Црвенковски во Скопје ке се сретне со црногорскиот премиер Жељко Штурановик кој од вчера престојува во земјава. Црвенковски утре ќе отпатува за Дубровник, каде ќе учествува на Регионалниот економски форум за Југоисточна Европа, во чии рамки е предвидено да има билатерални средби со претседателите на неколку балкански земји.