Москва: Русија ќе реагира на НАТО проширувањето на нејзините граници, изјавил Путин

Руските новински аганции денеска го цитираат претседателот Владимир Путин кој вели дека Русија ќе реагира на НАТО проширувањето на нејзините граници со тоа што ќе ја покачи борбената готовност на руските нуклеарни сили. Исто така, денеска, шефот на рускиот генералштаб Јури Балуевски рече дека Русија останува на својата одлука на дванаесетти идниот месец да го суспендира своето членство од Договорот за конвенционалните сили во Европа. Со вој договор се ограничува распоредувањето тешко вооружување во Европа.