Љубљана: Словенечкиот парламент и изгласа доверба на владата на Јанез Јанша

Словенечкиот парламент синоќа и изгласа доверба на десноцентристичката влада, што ќе му овозможи на премиерот Јанез Јанша да продолжи со подготовките за преземање на претседателството на Европската Унија од први јануари. Јанша побара гласање за доверба на владата во минатата недела, откако левоориентираниот кандидат за претседател Данило Тирк го победи кандидатот на конзервативците Лојзе Петерле, кој што беше поддржан од владата.