Скопје: Во акција на МВР изведена на патарините низ државата уапсени 28 лица

Министерството за внатрешни работи денеска треба да даде официјална информација за акцијата „Змиско око“ изведена на патараините низ дражава во која поради сомневање за сторени кривични дела вчера беа уапсени 28 лица. Уапсените не издавале фискални сметки, а патарината ја наплаќале по половина цена. Акцијата според најавите ќе продолжи и во наредните денови.