Киев: Во Украина три дневна жалост поради загинувањето на над 60 рудари

Во Украина е прогласена три дневна жалост поради експлозијата што се случи во рудникот Засијадко во источниот регион Донетск, при што загинаа 63 рудари, а 37 сеуште се водат за исчезнати. Несреќата е една од најтешките од независноста на Украина.