Ријад: Ахмадинеџад ќе разговара со арапските земји за збогатување ураниум во неутрална земја

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад на маргините на самитот на шефовите на земјите од ОПЕК што се одржа во Ријад во Саудиска Арабија како што пренесуваат агенциите, изјавил дека ќе се консултира со останатите арапски нации за планот за збогатување ураниум во неутрална земја. Ахмадинеџад исто така истакнал дека неговата земја никогаш не сакала да ја употреби нафтата како оружје, но во случај на напад од Соединетите држави „ќе знае како да реагира.“ Инаку денеска министрите за надворешни работи на ЕУ треба да разговараат за прашањето за иранската нуклерална програма.