Киев: Најмалку 17 загинати во експлозија на метан во рудник

Најмалку 17 лица загинаа во експлозија на метан во рудник во источна Украина, соопшти министерството за вонредни ситуации, додавајќи дека билансот би можел да биде поголем. Седумнаесет рудари се сметаат за исчезнати. Во моментот на несреќата, чија причина се уште се истражува, во рудникот имало околу 450 рудари. Од нив повеќе од 250 се евакуирани.