Виена: Иран направил напредок во расветлувањето на причината на развојот на нуклеарната програма

Иран направи значаен напредок во расветлувањето на причината и степенот на развојот на нуклеарната програма се вели во последниот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија. Сепак како што се наведува во извештајот соработката на Иран била повеќе реактивна отколку проактивна. Тоа според агенцијата на Обединетите нации се гледа во фактот дека и покрај предупредувањата да престанат , Иран продолжил со збогатување на ураниум зголемувајки го бројот на машините за центрифуга на 3000 што е доволно за отпочнување на индустриско производство на нуклеарно гориво.