Скопје: Продолжува посетата на помошникот генерален секретар на НАТО Мартин Ердман

Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски денекса ќе ја прими НАТО-делегацијата предводена од помошникот на генералниот секретар на алијанста надлежен за политички прашања и безбедносна политика Мартин Ердман.Делегацијата која од вчера престојува во земјава се сретна и со премиерот Груевски. Тимот треба да изврши редовна проценка за достигнувањата на Македонија на патот кон алијансата.