Њујорк: Извештајот на високиот претставник на Босна на дневен ред во Советот за безбедност

Советот за безбедност денеска ќе го разгледа извештајот што ќе го претстави високиот претставник во Босна Мирослав Лајчак. Во изваштајот се наведува дека поради жестоките реторики на Бошњаците и Србите, земјата не забележала напредок во правец на приближување кон Европската Унија. Тричленото босанско Претседателство уште минатата година ги заврши преговорите околу Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, но оттогаш не направило ниту чекор кон потпишување на овој документ, известува Лајчак.