Багдад: Шест лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад

Во самоубиствен бомбашки напад во ирачкиот град Киркук загинаа 6 лица. Цел на нападот бил конвој на шефот на курдските полициски сили за брз одговор, кој преживеал полесно ранет.