Париз: Сообраќајот во Франција парализиран поради штрајкот на железничарите

Сообраќајот во Франција од изутрината е парализиран поради штрајкот на железничарите и на вработените во јавниот превоз во Париз и во компаниите за дистрибуција на нафта и гас поради најавенета реформа на пензискиот систем. Станува збор за плановите на владата да ги укине поволните услови кои на вработените во јавниот сервис им дозволуваше да се пензионираат порано. Штрајкот се смета за главен тест на економските реформи што ги најави премиерот Саркози.