Вашингтон: Стејт Департментот ја оцени акцијата во Бродец како успешна

,,Успешна операција на органите за спроведување на законот изведена од мултиетнички полициски сили против група во која имало неколку криминалци од кои некои неодамна избегале од затвор на Косово,,. Ова на редовната прес конференција во Вашингтон го изјави заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент Том Кејси во врска со минатонеделната акција на македонската полиција во Бродец. Тој додаде дека Вашингтон ги охрабрува македонските власти бргу да ја обноват нормалната состојба во селото каде што била извршена акцијата. Кејси изјави дека американската администрација немала потврдена информација дали вооружената група била поврзана со вахабистите блиски на Ал Каида.