Исламабад: Беназир Буто во куќен притвор

Пакистанската полиција ја стави во куќен притвор лидерката на опозицијата Беназир Буто опколувајки го нејзиниот дом во Исламабад. Полицијата исто така се распореди околу паркот Равалпинди каде Буто сака да го одржи првиот митинг по воведувањето на вонредната состојба во земјата. Претседаетлот Первез Мушараф вчера соопшти дека изборите во земјата ке бидат одржани пред 15 фебруари, но Беназир Буто смета дека Претседателот мора да стори повеќе како и да ги ослободи од затвор судиите.