Вашингтон: САД и Франција ќе работат заеднички да го убедат Иран да се откаже од нуклеарната програм

Американскиот претседател Џорџ Буш и францускиот претседател Никола Саркози, по нивните разговори во Маунт Вернон во Вирџинија, изјавија дека заеднички ќе работат за да го убедат Иран да се откаже од нуклеарната програма. Според нив, идејата Иран да поседува нуклеарно оружје е опасна и затоа е потребно да да се засилат санкциите против Техеран.