Брисел: Србија ќе ја парафира Спогодбата за стаблизација и асоцијација

Србија денеска во Брисел ќе ја парафира Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската Унија. До ова доаѓа откако вчера евро-комесарот за проширување Оли Рен соопшти дека главниот обвинтел на Хашкиот Трибунал Карла Дел Понте го известила дека Србија ја интензивирала соработката со судот.