Вашингтон: Буш го повика Мушараф да ја укине вонредната состојба

Американскиот Претседател Џорџ Буш го повика пакистанскиот Претседател Первез Мушараф да ја укине вонредната состојба и да ја врати демократијата што е можно поскоро. Буш побара, Мушараф да ја симне воената униформа и да се одржат избори во Пакистан. Со слични барања излегоаа и Обединетите Нации и Европската Унија.