Скопје: Од денеска превозот поефтин за пет денари

Граѓаните на Скопје од денеска имаат поевтин превоз за пет денари во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие. Според новиот ценовник, билет за едно возење купен во автобус чини 30, а во билетара 25 денари. Билетот за десет возења на градските линии чини 240 денари, а ученичко -студентските билети наместо досегашните 1.060, чинат 950 денари.
Новите цени за билетите стартуваат од денеска, а за ученичко-студентските билети од наредниот месец.