Исламабад: Протести поради одлуката на Мушараф за воведување вонредна состојба

Пакистанската полиција употребила солзавец против правниците кои денеска протестираат поради тоа што претседателот Первез Мушараф во саботата воведе вонредна состојба во земјата. Во меѓувреме, Мушараф ги отфрли гласовите дека се наоѓал во домашен притвор во кој бил ставен од неговите соработници кои не се согласувале со вонредната состојба. Заменик министерот за информирање на Пакистан Тарик Азем изјави дека зад воведувањето на вонредната состојба во земјата е ветувањето на Мушараф дека ќе се повлече од функцијата шеф на армијата.