Западен Брег: Разговори на Кондолиза Рајс со палестинските лидери

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска на Западниот Брег разговараше со палестинските лидери за подготовките на бликоисточната конференција кој наскоро треба да се одржи во Соединетите држави. Вчера Рајс, по разговорите во Ерусалим изјави дека Соединетите Држави ќе ја бранат израелската безбедност, но побара и забрзување на напорите за мир во регионот.