Исламабад: Вонредна состојба во Пакистан

Со прогласувањето на вонредна состојба во Пакистан, петседателот Первез Мушараф суспендираше повеќе закони и основни права загарантирани со Уставот. Во текот на ноќта неколкумина опозициски активисти беа уапсени. Исто така суспендирана е слободата на движење, како и слободата на говорот. Вчера претседателот Мушараф прогласи вонредна состојба поради зачестените насилства и политичките тензии во земјата. Врховниот суд одби да ја прифати одлуката бидејќи доаѓа во момент кога се уште одлучува дали да го признае неговиот неодамнешен реизбор во парламентот.