Москва: Отфрлени критиките за ограничување на бројот на странските набљудувачи

Претседателот на руската централана изборна комисија Владимир Чуров ги отфрли критиките од Западот за ограничувањето на бројот на странските посматрачи на парламентарните избори во Русија на 2-ри декември. Тој оцени дека бројката од 70 посматрачи од ОБСЕ е сосема доволна. ОБСЕ оцени дека Москва вовела остри рестрикции на нивната планирана посматрачка мисија, а Белата Куќа изрази разочараност од таквиот потег на Кремљ.