Скопје: Лидерска средба за законот за јавно обвинителство и собранискиот Деловник

Премиерот Никола Груевски ги покани лидерите на СДСМ Радмила Шекеринска, на ДПА Мендух Тачи и на ДУИ Али Ахмети, на нова средба денеска во Клубот на пратениците. Главни теми треба да бидат законот за јавно обвинителство и новиот собраниски Деловник.