Анкара: Турската влада ќе го разгледа предлогот за воведување економски санкции кон Ирак

Турската Влада денеска ќе го разгледа предлогот за воведување економски санкции против Ирак, односно можноста за прекин на извозот на електрична енергија за Северен Ирак. Советот за национална безбедност на Турција деновиве и препорача на Владата да воведе економски санкции против ирачките Курди, обвинувајќи ги дека ги помагаат бунтовниците од Курдската работничка партија, распоредени во Северен Ирак.