Њујорк: Косово е европско прашање и Европа не смее да дозволи да има замрзнат конфликт вели Ахтисари

Поранешниот пратеник на Обединетите Нации за Косово Марти Ахтисари изјави дека Косово е европско прашање и оти Европа не смее да дозволи да има замрзнат конфликт на своја територија. Запрашан колкави се шансите неговиот предлог за Косово повторно да се врати, Ахтисари изјави дека предлогот никаде не исчезнал и оти „се уште бил на масата“.