Анкара: Тројца турски војници загинале во операциите против курдските бунтовници

Тројца турски војници загинале, а еден бил тешко повреден за време на операциите на силите за безбедност против курдските бунтовници во југоисточна Турција, јавуваат денеска агенциите. Турските сили за безбедност во округот Шарна опколиле стотина бунтовници кои, како што се наведува, навлегле од Ирак. Овие информации од страна на Курдската работничка партија се оценети како „неосновани и оти биле дел од турската пропаганда против курдите.