Вашингтон: САД изразија сомневање за изјавата дека Иран нема намера да направи нуклеарна бомба

Соединетите Држави, Израел и Франција изразија сомневање за изјавите на шефот на меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеј дека нема докази дека Иран сака да направи нуклеарна бомба. Францускиот министер за одбрана Хаве Морин ја отфрли изјавата на Барадеј, а израелскиот шеф на дипломатијата Ципи Ливни ја повика Кина на поддршка на најновите санкции на Обединетите Нации против Иран. Инаку денеска во Техеран продолжуваат ,,клучните,, разговори за иранската нуклеарна програма меѓу иранските претставници и Меѓународната агенција за атомска енергија.