Техеран: Тим на Меѓународната агенција за атомска енергија пристигна во Техеран

Тим на Меѓународната Агенција за Атомска Енергија пристигна во Техеран на последни технички преговори за иранската нуклеарна програма. Агенцијата, во наредниот месец, треба да објави извештај, кој треба да помогне во политичките преговори меѓу иранскиот преговарач Саед Џалили и шефот за надворешна политика на Европската Унија Хавиер Солана.