Софија: Денеска локални избори

Во Бугарија денеска се одржуваат локалните избори. Право на глас имаат 6 милиони 950 илијади граѓани кои треба да избираат меѓу 12 000 кандидати за градоначалници и кандидати за други функции во локалните органи на власт. Аналитичарите сметаат дека изборите се сериозен тест за владата која ја предводат социјалистите, бидејќи по влезот на Бугарија во Европската Унија таа се соочи со сериозни социјални превирања.